Обвинителката Крстевска откри разговор со сведок кој ги демантира тврдењата на Палевски за убиството на Панче

Обвинителката Жаклина Крстевска на денешното судење во судница донесе испечатена комуникација меѓу Љупчо Палевски и сведокот Ерол Османи.

Обвинетиот Палевски тврди дека на 22.11.2023 му поправал котел за парно на Османи, во времето кога обвинителството тврди дека всушност го киднапирал и убил Панче заедно со обвинетите Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев.

„Според оваа комуникација на месинџер, сведокот Ерол Османи му пишал на Палевски на 22.11.2023 година во 16 часот со фотографија на делот кој е расипан, тој не му одговорил.

На 25-ти пак му пишал, дека го бара за греењето, Палевски не му одговорил. На 27.11.2023, околу 11 часот Ерол Османи му праќа порака: ‘Ќе идеш навака?’. Нема одговор, па во 15.55 часот пак нова порака му праќа: ‘Да купам нова електроника?’. На 27.11. ниту отишол кај сведокот Ерол Османи, ниту извршил некаква поправка”, кажа обвинителката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде