ТРАГЕДИЈА: 27-годишно момче загина во тешка сообраќајна несреќа

27-годишниот С.Ј. од селото Студеничани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила завчера во 22:20 часот на регионалниот пат Драчево–Катланово, во атарот на селото Морани.

Како што информираат од СВР Скопје, патничко возило од марката „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски таблички,

управувано од загинатиот возач, излетало од коловозот и удрило во рефлектирачко столбче, патна ограда и бандера, која паднала врз автомобилот.

Возачот починал на самото место, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Во несреќата тешко е повреден и сопатникот во возилото, 22-годишниот Џ.Т., исто така од село Студеничани, чии повреди се констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде