Најнова метео прогноза: Еве какво време не очекува денеска и во следните денови

Времето во Македонија наутро ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 20 до 28 Целзиусови степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде