Тешка сообраќајка, 41-годишник итно пренесен во болница

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во скопско. 

Вчера околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од регионален пат Скопје – Велес, во населба Нова Колонија, скопско,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(55) од с.Идризово, скопско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(41) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде