Невреме го зафаќа Скопје и Македонија – објавена најновата прогноза

Утрешниот ден ќе биде променливо облачен со сончеви периоди. Во текот на попладнето се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

На некои места процесите ќе бидат поинтензивни, со услови за краткотрајно невреме – пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 km/h, а можно е и локално појава на град.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 во Берово до 14 во Гевгелија, а максималните дневни од 15 во Маврово и 27 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

Попладне се очекува зголемена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На одредени локации ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и можна појава на град. Температурата ќе се движи од 12 до 26 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде