Бидете подготвени, доаѓа невреме!

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на фронтална долина со намален воздушен притисок, но и со поладен воздух на висина, денеска а особено за викендот ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои очекувам честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

И во Скопскиот регион ќе има појава на повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме во делови од котлината, особено за време на викендот.

Што се однесува до температурите, нивно повторно опаѓање очекувам за време на викендот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде