На 24 мај православната црква и верниците го одбележуваат празникот на Светите Кирил и Методиј – браќата од Солун кои во 9 век тргнале да ја шират писменоста и христијанството меѓу словенските народи.
Познати како „словенски апостоли“, тие се творци на глаголицата – првото словенско писмо, а нивната мисија оставила длабок белег во духовната и културната историја на целиот словенски свет.
Овој ден, кој се одбележува и како Ден на словенската писменост и култура, не е обичен празник.
Според народното верување, утрешниот ден не е погоден за нови почетоци – не се започнуваат нови работи, не се носат важни одлуки, ниту се впушта во големи обврски.
Домаќинките избегнуваат перење и тешки работи, а се верува дека децата треба да читаат книги – како симболичен начин да се поврзат со мисијата на светите браќа.
Многумина веруваат дека ако се наруши оваа традиција, може да се предизвика немир или несреќа.
Но истовремено, денот е исполнет со тивка сила – момент за размислување, благодарност и духовно осознавање. Се верува дека токму тогаш, преку буквите, зборовите и знаењето, доаѓаат одговори на прашањата што одамна нè мачат.
