Најпознатите улоги на Алајмо се оние во филмови како што се „Space Jam“ од 1996 година и „The China Syndrome“ од 1979 година, како и бројни улоги во популарни телевизиски серии.
Мајкл Алајмо, кој работел како актер во Холивуд повеќе од шест децении, починал на 86-годишна возраст, потврдило неговото семејство.
Мајкл починал на 2 мај во Бурбанк, Калифорнија, потврдила неговата ќерка Габриела Алајмо Томас за „Варајети“.
Најпознатите улоги на Алајмо се оние во филмови како што се „Space Jam“ од 1996 година и „The China Syndrome“ од 1979 година, како и бројни улоги во популарни телевизиски серии.
Неговата последна улога беше во биографската драма „Синатра! Вечноста“, во кој глумеа и Мајкл Мадсен, Хари Дин Стентон и Ерик Робертс.
Тој ги остави зад себе сопругата Луиз, ќерките Габриела и Џована, зетот Давид, како и внуките Изабела и Малија.
