Се судрија воз и „мерцедес“ кај Велес

Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин на Регионален пат Велес – Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 23-годишниот Ѓ.О. од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39-годишниот К.З.од Скопје.

Во несреќата нема повредени лица, информираше утрово Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде