Со 68 гласа за и 16 против Трајко Славевски, предлог на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова е избран за гувернер на Народната банка на Македонија.
Во Собранието до полноќ траеше неколку часовната дебата за изборот на гувернер на Народната банка.
За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени Анита Ангеловска Бежоска.
Славевски е актуелен претседател на советот на Град Скопје, а претходно ја извршуваше функцијата министер за финансии.
Славески ќе има седумгодишен мандат, а доаѓа на предлог на предлог претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе дадат поддршка за предлогот за иден гувернер, додека од опозицијата изјавија дека нема да гласаат за предлогот, затоа што, според нив, се работи за партиски кадар, а не експерт што досега било традиција при изборот на гувернер.
