Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во интервју за ТВ „24“ рече дека е пронајден тефтерот на сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов-Деко, во кој пишува кому сè тој му плаќал мито.
На таа околност уште првиот ден на овој осомничен беше распрашан и даде доста битни и релевантни факти на начин на кој ги обезбедува лиценците. и тоа ќе се разјасни, но сите тие околности, да почекаме уште 15 дена.
Имаме се што е потребно за утврдување на негова одговорност.
За сите лица кој тој ги посочи и за нивните дејствија, ние се водевме по тоа во текот на постапката и се утврдија некои работи за кои јавноста ќе биде зпознаена со подигање на обвинение.
Има и матерјални докази и вештачења, има вештачења од финансиската полиција и се утврди дека има ситуација што оди во корист на обвинителството- рече Коцевски.
