Пукање во Скопје, повреден маж

На 29.05.2025 во 12:53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горна Матка, општина Сарај,

Ш.И.(36) од с.Грчец, скопско се здобил со повреди во ногата од огнено оружје.

Според пријавеното, додека се движел пеш, две лица испукале проектили кон него и избегале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде