ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Погледнете какво време не очекува во месец јуни

Територијата на Македонија полека потпаѓа под влијание на првиот топлотен африкански бран за оваа сезона. Температурите на воздухот постепено ќе растат од викендов, прогнозира Славчо Поповски.

Во периодот од 2 јуни (понеделник) до 8 јуни (недела) ќе имаме многу топло време, а особено топло ќе биде од средината на следната седмица, кога температурите на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, додека во Повардарието температурите ќе надминуваат и 35 степени, што значи дека пред нас е првиот поголем топол Африкански бран за оваа сезона.

На метеоролошката карта можеме да видиме дека целиот Балкански Полуостров ќе биде зафатен од овој Африкански топол бран и истиот ќе услови високи температури на воздухот насекаде во регионот.

Што се однесува пак до врнежите, следната седмица речиси и дека ќе ги немаме, односно, времето ќе биде многу постабилно и посуво, со многу повеќе сончеви периоди. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, поточно, ќе има услови за повремено и сосема мало локално дестабилизирање на атмосферата, па така локално во нашата Македонија ќе има услови за сосема краткораен дожд.

Лубителите на летото и на летните температури на воздухот конечно си доаѓаат на своето, што значи дека истите ќе уживаат во летното топло време.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде