На првото издание на фестивалот на новокомпонирани народни песни ,,Фолк фест Владимирово” кој во четвртокот се одржа во салата ,,Ванчо Чавдарски”, а зад кој стои Културниот центар ,,Горан Алачки” се изведоа 12 композиции, а на сцената се појавија доајените на македонската фолк песна.
Македонската пејачка Виданка Ѓорѓиевска требала да настапи на првото издание на фестивалот на новокомпонирани народни песни „Фолк фест Владимирово“.
Таа требало да ја отпее композицијата „Наша Македонија“ која на крајот заеднички ја отпеале нејзините колеги.
Токму тие објаснија што всушност се случило.
„Требаше да настапи и Виданка на фестивалот, сите се радувавме на можноста заедно да бидеме дел од првото издание на еден така значаен настан за нашата народна музика. Но, ѝ се случи голема трагедија, ѝ почина синот… Затоа, решивме сите интерпретатори заедно да ја отпееме нејзината песна“, откриваат колегите на Виданка за „Фокус“.
