23-годишно момче од српскиот град Смедерево, по кое десетина дена трагаа полицијата, спасувачките служби и жителите на градот, е пронајдено мртво во водите на Дунав, јавија локалните медиуми.
Момчето по име Ѓорѓе Мемедовски исчезна на 21 мај, кога претпладнето излегло од домот во населбата Папазовац во Смедерево, по што му се изгуби трагата.
Ѓорѓе ѝ испратил порака „те сакам“ на неговата сестра, а потоа и двата телефона му биле исклучени, пишува „Телеграф“.
Според неофицијални информации, телото на Мемедовски е пронајдено во текот на денот, а тој е идентификуван вечерва.
