Ќе се воведат построги мерки – пушењето повторно ќе биде забрането и на затворените тераси

Министерството за здравство подготвува нова стратегија за борба против пушењето – ќе се воведат построги мерки, а пушењето повторно ќе биде забрането и на затворените тераси од угостителските објекти.

„Не можеме да имаме инспектори на секој агол, но ќе воведеме јасни правила и строги казни.

Нема да има попуштање“, изјави заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, по повод Светскиот ден без тутун.

Според него, постојат две опции: или ќе се направат измени на сегашниот закон, или ќе се изработи сосема нов закон со фокус на заштита на младите и санкции за прекршителите.

Меѓу инспирациите е Франција, каде пушењето е забрането на јавни места во близина на деца – како паркови, игралишта и спортски терени.

Лекарите веќе подолго време предупредуваат – децата во Македонија почнуваат да пушат многу рано, некои и на само 13 години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде