Тешка несреќа, двегодишно дете пренесено во болница
Синоќа во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк Тоше Проески во нас.Ново Лисиче, електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје.
По случката лицето што управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од екипа на СВР Скопје.
