Под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела (8.јуни) времето ќе биде многу топло.
Денес, во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има и в сабота.
Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
При појава на громови и невреме, избегнувајте престој на отворено, особено под осамени дрвја или во близина на метални конструкции, апелираат надлежните.
