УХМР со најнова прогноза: Доаѓа нов влажен бран, ќе има невреме – ЕВЕ КОГА

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните од 26 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде 17, а максималната ќе достигне 38 степени.

УХМР информира дека од утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени.

Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде