Се судрија „хјундаи“ и „сузуки“ – има повредени

76-годишен кумановец е тешко повреден при судир со возило управувано од млад возач. 

Вчера околу 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во село Младо Нагоричане се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки,

управувано од А.П.(19) и патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(76), двајцата од Куманово, известија од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ж.С., констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде