ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа

ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа

На 15.06.2025  околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки,

управувано од Т.Д.(51) од село Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите.

Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде