Доцна синоќа земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,
одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00:48 часот регистрира земјотрес со епицентар од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.
– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со
интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
