Шок за нашинците кои летуваат во Грција: Македонци добиваат казни за погрешно паркирање!

Внимавајте каде паркирате, вчера во текот на денот и синоќа многу македонски и српски туристи кои се во Грција на одмор биле казнети.

Туристите кои имале среќа и напишале само платен налог, а на други им биле извадени табличките, со известување дека треба да платат казна.

По социјалните групи кружат информации дека полицијата казнувала во Полихроно и околните места.

Здраво,

Споделете искуство што да направам.

Ми пишаа казна за погрешно паркирање, каде да се обратам да платам за да немам проблем, сместени сме во Полихроно и тука ја добив казната, пишува Ивица од Македонија на социјалните мрежи.

-За помал прекршок како погрешно паркирање, ни го уништија одморот со семејството со вадење регистарски таблички. Малтретирање странски државјани, особено во земја како Грција, е срамота!!

Во коментари може да се забележи дека полицијата казни пишувала и во останатите туристички места, па затоа препорака е до сите кои летуваат во Грција да внимаваат.

Фото: Архива

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде