Страотна несреќа, 35-годишно момче со тешки повреди пренесено во болница

На 21-ви јуни 2025 година, во 12:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од кеј „Македонија“ и плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, 35-годишник од Охрид,

управувајќи мотоцикл марка „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде