Славчо Попоски со анализа: Еве какво време не очекува во јули и август

Климатолошкиот феномен ЛА НИЊА кој веќе долго време го споменувам и под чие влијание бевме изминатата зима, по неговото слабеење во почетокот на оваа 2025 година,

во втората половина од летово, како и во есенските месеци повторно позначително ќе засили и ќе влијае на временските услови кај нас.

Во ваква ситуација кај нас во Македонија, но и во регионот ЛА НИЊА треба да донесе повеќе и почести врнежи, како и временски непогоди, а со тоа  и нови поројни поплавувања.

Што се однесува до топлотните бранови во јули и во август, истите ќе ги има, нормално, ќе имаме и засилени топлотни бранови кои ЛА НИЊА нема да дозволи да траат многу долго, како минатото лето кога се соочивме со екстремни и долги топлотни бранови и екстремни сушни периоди.

Се на се, пред нас се нови бројни временски непогоди, и за истите да бидеме подготвени, кои поради климатските промени ќе бидат се посилни и по екстремни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде