ОГРОМНА ТАГА: Почина познатата македонска професорка

Жална вест споделија од Стоматолошкиот факултет во Скопје.

„Со големо жалење известуваме дека почина проф. д-р Марија Зужелова, редовен професор во пензија на

Катедрата за ортодонција при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје“, пишува во објавата.

Денот и местото на погребот како и одржувањето на комеморативната седница на Наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет – Скопје, дополнително ќе бидат објавени.

Искажуваме искрено сочуство до семјеството на проф. д-р Зужелова.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде