Падна одлука: Таткото Александар ослободен од обвинение

Судот денеска донесе пресуда со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осудени на казна доживотен затвор за грабнување и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Случајот ја потресе јавноста предизвика бројни реакции поради бруталноста на делото и околностите под кои исчезна и беше пронајдена убиената тинејџерка.

Судот на денешното рочиште утврди дека обвинетите биле организирани и свесни за своите дејствија, а злосторството било сторено со предумисла.

Истовремено, судскиот совет ги ослободи сите четворица обвинети од вина во делото за грабнување и убиство на Панче Жежовски.

Според образложението, обвинителството не доставило доволно докази кои недвосмислено би ја потврдиле нивната вина за второто кривично дело.

Од обвинение е ослободен и Александар Ѓорчевски, татко на Вања, кој претходно беше опфатен во истрагата. Судот заклучи дека нема елементи кои укажуваат на негова вмешаност или соучесништво во злосторството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде