На 24-ти јуни 2025 година, околу 19:00 часот, на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу
мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Ф.М.(22) од Охрид и велосипед управуван од Н.Д.(60) од Охрид.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.
