Пеколно жешко: Погледнете колку е измерена температура во Гевгелија

Топлотен бран ја зафати Македонија денеска, со измерени високи температури низ целата земја.

Според податоците од 14 часот, највисоките вредности се регистрирани во

Скопје – Петровец со 38,4 степени Целзиусови и во Гевгелија со 38,1 степени.

Наспроти жешкиот бран, Попова Шапка останува најсвежото место во државата, каде во истиот период биле измерени 20,4 степени Целзиусови.

Граѓаните се повикуваат на претпазливост и придржување до препораките за заштита од високите температури, како што се избегнување директно изложување на сонце во најжешките часови од денот, внесување доволно течности и носење лесна облека.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде