(ВИДЕО) Страшно невреме во делови на Европа – ќе ја зафати ли и Македонија?

Силно невреме денес предизвикало значителни штети во некои места во Тирол, Австрија. Во округот Швац и поширокиот регион Кицбил биле потребни повеќе интервенции од противпожарните служби, додека во Фиген во Цилертал е забележано силно невреме проследено со град.

Додека низ Фиген течеле надојдени потоци, град искршил бројни автомобилски стакла. На повеќе локации во општината, по попладневното невреме останал слој град дебел неколку сантиметри, кој морал да се отстранува со лопати, а на места и со багери.

Во регионите Пил и Вер паднале повеќе дрвја поради силниот ветер. Во доцните попладневни часови пожарникарите биле повикувани на повеќе интервенции во поширокиот регион на Кицбил, каде што имало навлегување на вода во објекти.

Невреме имаше и во Франција. Две лица загинаа во Франција за време на силните бури што ја погодија земјата по период на екстремни горештини, објавија локалните медиуми повикувајќи се на властите.

Во департманот Тарн-е-Гарон на југот на Франција, 12-годишно момче загинало кога врз него паднало дрво додека со семејството се обидувало да се засолни, јави телевизијата BFMTV. Во едно село на северозападот од Франција, возач загинал откако удрил во дрво кое паднало преку патот, јави телевизијата Ici.

На врвот на Ајфеловата кула се измерени ветрови со брзина од 112 километри на час. Обилните врнежи поплавиле многу метро-станици и предизвикале проблеми во сообраќајот во главниот град. Температурата во Париз паднала за 11 степени за само 20 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде