Силно невреме во делови од Македонија – УХМР утрово со најнова прогноза

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец.

Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде