Вчера утрото во 09:30 часот, во ОВР Неготино била пријавена уште една несреќа.
На автопатот Неготино–Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П. (56) од Србија, излетало надвор од коловозот.
Сопатникот Д.П. (61) се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и 17-годишен сопатник добиле телесни повреди.
Повредените се хоспитализирани во Општата болница Кавадарци.
Увид извршила екипа од ОВР Неготино.
Полицијата презема мерки за утврдување на причините за двете сообраќајни несреќи.
