УХМР ОБЈАВИ МАПА: Невреме во делови од Македонија
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер,грмежи и наместа појава на град имаме во регионот на Македонски Брод и Кичево,
југозападно од Тополчани и во Кривопаланечкиот регион.
Метео прогнозерот објави видео од невремето во Гостивар и Тетово.
Бурното невреме од северозапад навлегува во нашата Република Македонија. На удар се Полошкиот регион, Скопско, централните, локално источните и југоисточните предели од државава.
Бидете крајно внимателни доцна попладнево и вечерва!, објави Попоски.
