Бидете подготвени: Погледнете какво време не очекува следната недела

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 70 км/ч), информира УХРМ.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 70 км/ч) кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 4-6 степени во споредба со денешните.

Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде