Прекинато финалето на „Ѕвездите на Гранд“ – еве кога ќе се прогласи победникот!

Невидена ситуација ги затекна гледачите на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ – откако големото финале кое се емитува вечерва, беше ненадејно прекинато.

Поради ситуацијата во Белград и немирите на улиците, емитувањето на финалната вечер беше прекинато по емитувањето на првиот круг од настапите на финалето од 20 кандидати.

Водителката Ана Севиќ во програмата во живо рече:

Драги гледачи, Гранд продукција отсекогаш ги почитувала правилата и како играчи на фер-плеј не можеме да дозволиме кандидатите од Србија да бидат оштетени, со оглед на тоа што вечервашната емисија не беше емитувана во целост на територијата на Србија – рече Ана и продолжи:

Најавуваме дека ќе ја продолжиме емисијата следната сабота со цел да се емитува на територијата на сите земји , за сите кандидати да добијат еднаква шанса и можност за победа. Ви благодариме што бевте со нас вечерва и што гласавте. Поддршката е важна за сите нас во ова време. Се гледаме следната сабота, кога ќе продолжиме со нашето дружење.

Следната сабота се очекува да биде прогласен победникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде