Полицијата во акција – претреси на повеќе локации, уапсени повеќе лица
Во координирана акција на скопската полиција спроведена на 28 јуни, се уапсени четири лица поради поседување наркотични средства.
Меѓу приведените се 22-годишен штипјанец и тројца скопјани на возраст од 30, 45 и 48 години.
Кај нив била пронајдена бела прашкаста материја, марихуана и таблети со психоактивно дејство.
Од МВР најавуваат кривични пријави по документирањето на случајот, како дел од борбата против уличната дистрибуција на дрога во главниот град.
