Власта утрово со убава вест: Oвие граѓани да си ги проверат сметките – исплатени 177.533.000 денари

Власта утрово со убава вест: Oвие граѓани да си ги проверат сметките – исплатени 177.533.000 денари

Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои

имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.

Оваа мерка претставува дел од континуираната поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде