Според информациите на МВР, вчера околу 13:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Шар Планина“ во Скопје мотоцикл BMW
со бугарски национални ознаки, управуван од М.О. (22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г. (72) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител возачот е приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
