Починал на лице место: Трагична сообраќајна несреќа во Македонија

Околу 13:45 часот на улицата „Шар Планина“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот М.О. од Скопје, удрил во 72-годишниот пешак К.Г. од Скопје.

Пешакот починал на местото на несреќата, а смртта била констатирана од страна на Итната медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на обвинител, возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

Втората несреќа се случила околу еден час подоцна, во 14:40 часот на улицата „Ќемал Сејфула“, каде се судриле товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 29-годишниот Е.П. од Косово, и мопед со скопски ознаки, управуван од 32-годишниот Ф.А. од Скопје.

Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Екипа од СВР Скопје извршила увид, а возачот на товарното возило бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување на двата случаи, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде