Голем пожар избувна во овој регион од Македонија
Два нови пожари попладнево ја загрозуваат југоисточна Македонија – едниот кај с. Марвинци во Валандово, другиот кај с. Фурка во Дојран.
Гори сува трева и ниска вегетација, а противпожарните екипи од Валандово, Гевгелија и Дојран се веќе на терен.
Поради опасноста од ширење, Центарот за управување со кризи (ЦУК) побара поддршка од воздух.
Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе упати хеликоптер за гаснење на пожарот, со цел ситуацијата да се стави под контрола што е можно побрзо.
