Прогнозите се остварија: Силно невреме беснее во делови од регионот

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро.

Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и им ги кине ролетните на луѓето. Грми, врне и дува силно низ целиот град.

Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и Далмација, додека жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.

Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде