Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 километри на час).
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени).
Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст.
