Сплит и неговата околина утрово ги погоди невреме какво што досега не виделе.
Невидено голема бура проследена со силен дожд и град.
Иако погледот на небото од раните утрински часови веќе укажувало дека можеби има невреме, жителите на Сплит не го дочекаа подготвено.
Сирените на службите за итни случаи се слушале на улиците на Сплит, жителите на Сплит масовно барале помош, пишуваат хрватските медиуми.
Силниот ветер корнел дрвја и гранки, превртувал канти за ѓубре, а делови од лим и фасади паѓале од згради.
Делови од пошироката област на Сплит останале без електрична енергија, а сообраќајот во некои делови од градот бил речиси парализиран поради поплавени патишта и затнати одводи.
