После топлотниот бран, во Србија стигна силно невреме кое донесе заладување на температурата од 20 степени.
Во Белград и Нови Сад се забележани неколку штети од паднати дрви, бандери и срушени кровови.
Во Белград се урна кран во едно градилиште. Во Нови Сад паѓаше и силен град, кој оштети неколку возила.
Минитерството за внатрешни работи претходно издаде предупредување за силно невреме, и ги предупреди граѓаните.
Во Белград е затворен аеродромот „Никола Тесла“ и во моментов се сопрени сите полетувања и слетувања.
Авионот кој од Белград до Скопје требаше да слета во македонскиот главен град во 14:35, ќе доцни повеќе од еден час, бидејќи уште не е полетан од Србија.
Novi Beograd. Pao je kran. pic.twitter.com/BplPX4Tvs9
— Špiro Seneka (@SenekaSpiro) July 8, 2025
