УХМР утрово со најнова вест: Еве какво време не очекува денеска и во следните денови

Денеска времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 км/ч.).

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Времето во наредните денови

Во следните денови времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде