ТАЖНО: Познат идентитетот на лицето кое загина во сообраќајка кај Дебрца

На 9-ти јули 2025 година, во 20:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Оровник, Општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно лице.

– Незгодата се случи помеѓу патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 83-годишниот В.Б. од Охрид и патничко возило „Ауди“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 36-годишниот А.М. од селото Синичане, општина Боговиње.

На местото на настанот починал возачот В.Б, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и неговиот сопатник, 24-годишниот Б.Б. од Куманово, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде