Пожари беснеат во Македонија – еве каква е состојбата утрово

Од Центрот за управување со кризи известуваат дека утрово, до 07:30 часот, има вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, четири се под контрола, и изгаснати се 27 пожари.

Активни се седум пожари и тоа во:

1. Општина Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар)

2. Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума)

3. Општина Македонски Брод 1: помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)

4. Општина Македонски Брод 2: с. Крапа (нискостеблеста шума)

5. Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума)

6. Општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад, карпест терен)

7. Општина Тетово: кај бензинска пумпа Окта Петрол (нива)

Под контрола се ставени четири пожари: 

1. Општина Македонски Брод 1: с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)

2. Општина Македонски Брод 2: с. Слатина (мешана шума)

3. Општина Македонски Брод 3: с. Слатина (нискостеблеста мешана шума)

4. Општина Делчево: Градска депонија Острец (депонија)

Изгаснати за 27 пожари: 

1. Општина Шуто Оризари: с. Визбегово (депонија)

2. Општина Ѓорче Петров: с. Орман (ниска вегетација и дрво)

3. Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ниска вегетација)

4. Општина Аеродром: ул. 3 Македонска Бригада (сува трева)

5. Општина Кисела Вода: ул. Малешевска, Драчево (сува трева)

6. Општина Студеничани: с. Батинци (ѓубре)

7. Општина Струмица: с. Куклиш (стрниште и сува трева)

8. Општина Василево: с. Владевци (нискостеблеста шума)

9. Општина Велес: градска депонија (ѓубре)

10. Општина Кавадарци: ул. Диме Туриманџов (ѓубре)

11. Општина Карбинци 1: с. Горни Балван (сува трева)

12. Општина Карбинци 2: с. Крупиште (сува трева)

13. Општина Карбинци 3: с. Радање (стрниште и сува трева)

14. Општина Делчево 1: м.в. Брежје (грмушки и сува трева)

15. Општина Делчево 2: м.в. Брежје (грмушки, смрека и дел борова шума)

16. Општина Кочани 1: Спомен дом АСНОМ (сува трева)

17. Општина Кочани 2: кај с. Јастребник и с. Полаки, м.в. Бабиште (шума и сува трева)

18. Општина Куманово: Средорек (ѓубре и сува трева)

19. Општина Крива Паланка 1: с. Градец (шума и сува трева)

20. Општина Крива Паланка 2: с. Конопница (борова шума)

21. Општина Крива Паланка: с. Лозаново

22. Општина Желино: с. Ларце – с. Горна Лешница (мешана шума)

23. Општина Тетово 1: с. Џепчиште (сува трева)

24. Општина Тетово 2: пат Тетово – с. Селце (дива депонија)

25. Општина Гостивар: Гостивар (сува трева)

26. Општина Прилеп: кај Салида (сува трева)

27. Општина Долнени: с. Долнени (сува трева).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде