Обид за убиство во Македонија – напаѓачот е приведен

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 10 јули во објектот „Новиот пазар“ во Битола, каде 42-годишен битолчанец се обидел да лиши од живот едно лице, напаѓајќи го со кујнски нож од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата.

Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината.

Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство.

Бидејќи постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот, доколку биде оставен на слобода, ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека би можел да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор, се наведува во соопштението на ОЈО Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде