ВОНРЕДНО Објавена снимката од вчерашните инциденти во Чаир

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера беше физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица.

Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде соопштија дека инцидентот се случил на улицата „Кумбара“, а случајот бил пријавен во СВR Скопје во 12:15 часот.

-На 11.07.2025 во 12:15 чaсот од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.„Кумбара” физички била нападната градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани.

Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош, информира МВР.

Синоќа во гостување на Инфомакс Данела Арсовска ја објави снимката од инцидентот во Чаир.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде