ВОНРЕДНА ВЕСТ Двојно убиство и самоубиство во Македонија

Двојно убиство и самоубиство се случило во Прилеп.

Според неофицијални информации, драмата се одвивала за време на семејна веселба.

Три лица се мртви, меѓу кои и малолетно дете.

Убиецот, кој е вујко на убиениот возрасен човек се самоубил по настанот, а дека планира да направи нешто објавил и на Фејсбук.

Настанот започнал околу 15 часот, а припадници на специјалните единици пристигнале на местото на настанот околу полноќ.

Полицијата пробала да влезе во просторот каде се држени заложниците, но напаѓачот бил тешко наоружан, пукал кон полицијата и држел бомба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде